Рогожарска: Да се слушне гласот на хронично болните и да им се помогне во време на пандемија е доволно!

Хронично болните се најчесто лица кои имаат повеќе од една болест. Но нивниот глас, е заборавен од надлежните. Дел од нив ја немаат примено ниту вакцината против сезонски грип, а не се ставени ниту први на списокот за вакцината која се очекува против Kовид – 19. На таа тема разговараме во Билјана Рогожарска, претставник на хронично болните лица, но и самата таа како хронично болна со две дијагнози. Заштитата на хронично болните од Ковид – 19, е најпотребна бидејќи ако не се преземат мерки, за жал некои од нив вечно ќе не напуштат, засекогаш – истакна Рогожарска. Да се слушне гласот на лицата со повеќе болести, да им се помогне и да се заштитат хронично болните луѓе од невидливиот непријател е најмалку што може да се направи за нив во време на пандемија.

Лаура Стојанова М-Нет