Владата очекува од ТАВ околу 50 милиони евра

Наместо изградба на карго аеродром кај Свети Николе, Владата планира пренамена на околу 50 милиони евра, средства од ТАВ, за изградба на водоводна и канализациска инфраструктура, детски градинки и училишта низ државата. Околу еден милион евра од овие средства очекува Штип за изградба на водоводна линија  за развој на бањскиот комплекс „Кежовица“, а над 800 илјади евра се планирани за реализација на неколку инфраструктурни проекти во Свети Николе. Владата одлучи  да не се реализира проектот „Карго аеродром“ кај Свети Николе бидејќи е економски неисплатлив и за да го стопира уништувањето на околу 400 хектари плодно земјиште во Овче Поле. Идејата за карго аеродром во Овчеполието е стара повеќе од една децанија, со идеја на трогашната власт да обезбеди брз транспорт на земјоделските производи од регионот. Реализатор на проектот требаше да биде турската компанија ТАВ кои неколку години вршеа мерења на ветровите во Овчеполието. Деновиве се очекува одговор од ТАВ средствата планирани за каргоаеродромот да ги пренаменат во инфраструктурни проекти, изјави Министерот за транспорт и врски кој денес престојуваше во Свети Николе.