Ајварска пиперка на штипскиот пазар – Југоистокот со најголемо учество во растителното производство

На штипскиот пазар, производител од Струмица со ајварски пиперки вели дека годинава родот е исклучително квалитетен, иако цената е слаба. Пиперката, како што вели, е од старо семе, а за него најважно е да понуди квалитетен производ, за купувачите да бидат задоволни и повторно да се враќат кај него.

,,Да, од Струмица сме. Ајварските пиперки ми се многу убави. Оваа година многу убави извади, многу квалитетни извади, ама слаби беа со цената. Старото семе е тоа, јас се продавам, плус производител, нека ме гледат, нека си купуват, за да си бидат благодарни и пак да ме терат. Да си прават добар ајвар, не да им испаѓа и види што роба сум извадил, екстра пиперка. Скапана пиперка нема, ако има вреќата ќе е потечена, не може да е скапана, скапана останува на коренот, мора добра пиперка да донесеш за пазарот, да купе овој народ, и утре или друг ден пак да дојде да земе“ вели производител од Струмица

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, Југоисточниот Регион има најголемо учество во создавањето на бруто-додадената вредност во земјоделството, со 30,5 проценти.

Ева Тушевска, М-Нет