
Градот Скопје беше домакин а БК Вардар технички организатор на меѓународниот турнир „ 8 септември“ за деца, пионери и кадети. На турнирот настапија и младите борачи на Балканец од Штип кои направија вистинска жетва на медалји освојувајќи дури 19 медалји, 8 златни, 4 сребрени и 7 бронзени медалји. Според информациите од членот на раководството Константин Шоров златни медалји во своите категории освоија: Никола Гицев, Марко Ананиев, Зоран Шоров, Христијан Тасевски, Андреј Трајчов, Викторија Ѓурова, Марија Цветанова и Анабела Данилова.

Сребрени медалји во своите категории освоија : Јован Атанасов, Стојанче Стојков, Јован Балабанов и Христијан Коцев.




Бронзени медалји во своите категории освоија: Андреј Мишев, Лука Ананиев, Бојан Ѓуров, Јован Стефанов, Филип Коцев, Дамјан Смилков и Давид Миленковски.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk