Штипјанецот Андреј Тасев стана Европски шампион во Brazilian Jiu Jicu што се одржа во Лондон

Пријатни вести пристигнуваат од Обединетото Кралство каде што наши дечки настапуваат и нижат вредни резултати накитени со вредни медалји. Андреј Тасев наше штипско дете кое веќе со години со неговата фамилија живее во Англија од денес е Европски шампион во Brazilsko Jiu Jicy на првенството што се одржа во Лондон. Андреј настапи во категорија – 70 кг. во полуфиналето победи преставник од Велика Британија , за да во финалето по 2 минути борба го победи својот противник исто така од Велика Британија освојувајќи ја Европската шампионска титула и златен медал. Ова е голем успех за Андреј кој веќе неколку години по ред е еден од нсајдобрите Џиу Џицу борци во Велика Британија.

Андреј Тасев настапува за клубот Mauricio Gomes Legacy во градот Бичестер каде што и живее со своето семејство. Инаку Андреј Тасев потекнува од спортско семејство а неговиот татко Тоше Тасев беше член на шампионската младинска екипа на Брегалница која го освои првото место во Македонија. Во понатамошниот период следуваат уште неколку значајни првенства и турнири за кои спортската редакција на mnet TV благовремено ќе информира и во оваа прилика му честитаме на Андреј Тасев за освоената Европска шампионска титула.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk