(Видео) Нереални сцени од Турција: Големи поплави, уништени згради, надојдената вода го исфрла мебелот од становите

Во последните неколку дена Турција страда од страшни поплави кои го зафатија главниот град по обилните дождови, пренесуваат медиумите во регионот.

Портокаловата метеоролошка тревога е на сила во дури 27 провинции, а обилните дождови целосно го парализираа животот во Анкара.

Во изминатите неколку денови спасувачките екипи постојано се на терен и испумпуваат вода од зградите, додека многу патишта често се непроодни поради пороите кои носеа се пред себе.

Колку е драматична ситуацијата во Турција најдобро сведочи видеото од Анкара, каде може да се види како водата навлегла во станбена зграда, а потоа водениот бран крши балконската врата од станот и водата почнува да го исфрла мебелот.

Текстот (Видео) Нереални сцени од Турција: Големи поплави, уништени згради, надојдената вода го исфрла мебелот од становите е превземен од МАКФАКС.