Кулминација на чинот на хулиганство во Штип, искршени детски реквизити во паркот во населба Баби

Кулминација достига чинот на хулиганство во Штип, повторно се оштетени детски реквизити и урбана опрема во паркот во населбата Баби. Овој чин беше осуден и од страна на првиот човек на град Штип, Иван Јорданов. Во статус на својот фејсбук профил апелираше на поголема општествена одговорност од страна на граѓаните.

„Во изминатите денови при чин на хулиганство повторно се оштетени детски реквизити и урбана опрема во паркот Баби. Ова однесување е загрижувачко затоа што се повторува и бара итно внимание. Апелирам до сите жители, на поголема општествена одговорност. Само преку колективна свест и одговорност можеме да ги заштитиме нашите јавни површини и да го зачуваме нашиот град.“ – стои на профилот на Јорданов.

Многупати до сега во Штип се повторува сликата на искршени детски реквизити, урбана опрема, оштетени и уништени спортски и детски игралишта.

Лаура Стојанова М-Нет