
Да се вложи во опременување и модернизација на ТППЕ Штип, посочи градоначалникот Иван Јорданов во одбележување на денешниот ден. Вели дека пожарникарите се на висина на задачата која ја извршуваат, а Локалната самоуправа ќе вложува со цел да го добијат заслуженото.
„Нашите пожарникари се на висина на задачата овде, да бидат во служба на нашите сограѓани, но исто така ние како Локална самоуправа имајќи го во предвид Законот за децентрализација, имаме преземено обврски, одредени права, а тоа е дека мораме да ги сервисираме обврските кон ТППЕ Штип. Се надевам и убеден сум дека со новата влада ќе биде исправена една неправда која во минатото беше направена“ – вели Јорданов.
ТППЕ Штип располага со 32 опремени и обучени пожарникари, а во изминатиот период најчесто интервенирале на сообраќајни несреќи и активности во станбени згради.
„ТППЕ Штип располага со 32 професионални пожарникари кои се обучени да одговорат на сите интервенции.“ – вели Ренџов.
Денеска во посета на ТППЕ Штип беа дечињата од детската градинка Вера Циривири Трена, кои се запознаа со задачите и обврските на пожарикарите.
Лаура Стојанова М-Нет