Вековната традиција и обичај „Четрсе“ во Штип продолжи да се негува и денеска

И годинава продолжи негувањето на вековната традиција во Штип искачување на тврдината Исар, во склоп на одбележување на обичајот Четрсе. Обврска која треба да исполниме е да го сочуваме, но и промовираме културното наследство на градот Штип, истакна градоначалникот Иван Јорданов.

„Она кое што е наша обврска е дека мора да ја продолжиме традицијата и да го сочуваме, но и да го промовираме, затоа што не само ова Штип има богато културно наследство кое се надевам дека со годините кои престојат ќе го искористиме во во насока на развој на туризмот и подигање на потенцијалот којшто го имаме какко град“ – вели Јорданов.

На Исарот се искачија и Никола Мицевски и Драган Ковачки. Традицијата да продолжи да се негува, а со тоа и идентитетот, порачаа тие.

„Ден за традција, а тоа беше потврдено и од Министерството за култура, оти е дел од УНЕСКО како нематеријалното културно наследство. Ова за нас е и обврска за да ја чуваме и негуваме традицијата“ – вели Мицевски.

Дел од традицијата која е поврзана со идентитетот, идентитет кој за жал се распородава и кој во изимнатите години е силно нападнат од соседните пропаганди.“ – додава Ковачки.

На Исарот се искачија и голем број граѓани. Собираа каменчиња, се поздравуваа со 40 луѓе, и ја негуваа традицијата стара со векови.

Истовремено, средношколците од штипската гимназија во склоп на преокетни активности за странски јазици, подготвија летоци кои ги поделија на сличајни минувачи со што се потенцираше значењето на денешниот празник и почитувањето на обичајот Четрсе.

Лаура Стојанова М-Нет