
Синоќа беа одиграни полуфиналните натпревари од одбојкарскиот Куп на Македонија во жеснка конкуренција, а првиот меч беше повеќе од возбудлив во Спортската сала “Јордан Мијалков” во Штип, откако Струмица од два сета негатива стигна до огромна победа над актуелниот бранител Работнички и закажа финале против Канта Волеј кое се игра во недела со почеток од 12 часот.
По сетови 3-2 (24-26, 24-26, 25-22, 25-17, 15-13), со што Работнички ја загуби можноста да ја одбрани титулата.
Ова е второ изненадување, откако вчера Штип УГД со 3:0 во сетови славеше над Работнички во машка конкуренција за прво историско финале во Купот, каде ќе играат против бранителот Струмица.
Во вториот полуфинален меч кој започна во 20 часот, Јанта Волеј лесно обезбеди финале каде ќе се соочи со Струмица, откако Јанта Волеј со 3:1 во сетови славеше над Наковски Волеј.
Во сетови резултатот одеше вака 19:25, 15:19, 20:25, 16:25.
Во големото финале ќе се соочат Стримица и Јанта Волеј кај жените, утре од 12 часот, а од 15 часот во финалето кај мажите ќе играат Штип УГД и бранителот Струмица.
Штип е домаќин на Куп завршницата, а мечевите се играат во Спортската сала “Јордан Мијалков”.
Александар Ванев, М-Нет