
Прволигашки судии ќе ја делат правдата на супер дерби-пресметката меѓу Шкендија Арачиново и Куманово во рамки на 17. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, пресметка која ќе може да ја следите во живо на спортскиот канал М Нет Спорт.
Стојанче Трпчевски од Кавадарци ќе биде главен судија кој ќе ја дели правдата на дербито на колото кое се игра на теренот на Фортуна, а негови помошници ќе бидат Драган Трпчевски и Душко Панов, исто така од Кавадарци, а четврт судија ќе биде Ангел Гелов од Кавадарци.
Делегат на мечот ќе биде Васко Бошевски од Битола, а контролор Зоран Николовски од Скопје.
Ова ќе биде дерби на второпласираната Шкендија Арачиново која има 39 бодови на своето конто и лидерот Куманово кој има 43 бодови на своето конто.
Дерби за три бодови, пресметка за првото место, соочување за баражот кој води во Втората македонска фудбалска лига.
Гледачите на М Нет ќе имаат ексклузивна можност во живо преку директен пренос да следат соочувањето меѓу Шкендија Арачиново и Куманово на спортскиот канал М Нет Спорт со почеток од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет