Вардар се засили со Мартин Радуловиќ-Величковиќ

Мартин Радуловиќ-Величковиќ е четврто ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок.

20-годишникот во редовите на второлигашот Вардар доаѓа од словачката екипа Слован Братислава и потекнува од вардаровата фудбалска академија.

За сениорскиот тим на Вардар настапуваше во сезоната 2020/21 забележувајќи 25 прволигашки настапи. Радуловиќ-Величковиќ е актуелен член на младата репрезентација на Македонија.

Претходно, Вардар се засили со Роберт Митев, Дарко Размоски и Дејан Цветаноски.