
Прволигашот Работнички забележа убедлива победа од 4:0 над амбициозниот второлигаш Воска Спорт на контролниот натпревар одигран во Охрид.
Водството го донесе Анес Рушевиќ во првиот дел, а во второто полувреме стрелци за „романтичарите“ беа и Никола Величковски, Николче Шаркоски и Мухамед Елмас. Со ова Работнички ги заокружи подготовките во Охрид.
Македонија Ѓорче Петров на подготовките во Анталија загуби со минимални 1:0 од Инхулетс од Украина.