Со финансиски средства и пет пожарникари Општина Штип се вклучува во помош за Турција

Финансиска поддршка како и тим од пет обучени пожарникари ќе испрати Општина Штип во погодените места во Турција, сѐ со цел да им се помогне на најпогодените подрачја. Утре на седница на Совет треба да се даде зелено светло од советниците за 300 илјади денари од Штип да се одвојат за погодените подрачја во Турција.

„Како град којшто е солидарен ќе придонесеме со финансикса помош и пожарникари кои ќе учествуваат во справувањето со оваа природна катастрофа. Во име на солидарноста Општина Штип ќе даде помош и поддршка на подените подрачја“ – вели Јорданов.

Во наредните неколку денови се очекува во комуникација со Дирекцијата за заштита и спасување да се испртат и штипски пожарникари за да му се помогне на населението. Јорданов истакна дека пожарникарите се подготвени да заминат на терен и да делуваат со цел да се покаже солидарноста на дело.

„Во комуникација со дирекцијата за заштита и спасување веќе во наредните денови одлучивме тим од пет пожарникари обучени за спавување со вакви ситуации да замине во Турција се со цел да дадеме една поддршка на најпогодените подрачја и населени места во Турција.

Во наредните неколку дена во комуникација и соработка со невладини организации Јорданов истакна дека можно е да се постават пунктови на кои ќе се собираат намирници и средства за хигиина за да може да се испратат и да им се погне на граѓаните во Турција.

Лаура Стојанова М-Нет