
Непоразениот лидер Вардар од Неготино со минимални 0:1 го доби дербито со Превалец и продолжува да гази кон нов бараж за Втора лига. Херој на мечот беше Ѓорѓи Шишков кој стрелаше во 83. минута од мечот и со тоа трите бодови заминаа во Неготино, на контото на Вардар.
Пити Гули до врв ја наполни мрежата на Бучин, откако на домашен терен со 6:0 забележа висока победа третолигашот од Крушево.
Оливер Велевски и Беким Алимоски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Коста Степаноски и Никола Ѓорѓиев.
Росоман со 0:2 го доби дуелот со Обршани на гостински терен преку погодоците на Николов во првиот дел и Миловановиќ во финишот на мечот.
На теренот во Кривогаштани домаќинот Младост беше поразен со 1:2 од екипата на Локомотива од Градско. Шабаноски го отвори резултатот во раната фаза од мечот за водство на гостите од 0:1, а пред крајот на првиот дел Хоки Тодороски погоди за 1:1.
Во вториот дел Локомотива брзо го врати водството од 1:2 преку Петров, а тоа беше и конечниот резултат.
Марена со 3:1 го доби Големо Коњари и со тоа ги откажа гостите од било какви шанси за изненадување околу борбата за врвот.
Николај Даноски си постигна автогол во 33. минута, а по две минути Данчо Давидовски погоди за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Борче Сркески погоди и намали на 2:1, но по две минути Васко Јованов стрелаше за конечни 3:1.
Екипата на Слога во оваа коло беше слободна, откако Канатларци се откажа од понатамошно играње во Трета лига – Југ.
Непоразен лидер е Вардар од Неготино со 39 бодови, пред Питу Гули кој има 34 бодови, а пак Превалец и Големо Коњари со по 25 бодови го делат третото место.