Тиверија сигурна против Брегалница Делчево, Осогово и Овче Поле според планот

Денес беа одиграни натпреварите од 13. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Брегалница од Делчево продолжува со натпреварувањето, но денес со пораз тргна во пролетниот дел откако во Струмица со 2:0 беше поразена од Тиверија.

Александар Черкезов беше херојот за струмичани, кој со двата брзи погодоци во 67. и 69. минута обезбеди три бода за Тиверија.

Осогово се намачи и повеќе од тешко стигна до трите бодови, но сепак, „жетварите“ прокнижија три важни бодови на патот кон баражот за Втора лига, откако со 2:0 славеа над Малеш од Берово на домашен терен.

Ланскиот второлигаш од Кочани до трите бодови стигна со двата погодоци на Филип Јованов постигнати во 84. и 88. минута од мечот.

Карбинци со погодоци на Стефанов и Левков обезбеди триумф (2:1) над Дојранско Езеро на домашен терен. За гостите единствен стрелец беше Јован Ајцев.

Рудар на домашен терен со двата погодоци на Дарко Анастасовски го доби дуелот со Спартмани од Градско Балдовци со резултат од 2:1. За гостите единствен стрелец беше Мите Митров.

Овче Поле стигна до триумф од 2:1 над Академија Чешиново-Облешево на домашен терен. Трендафилов постигна гол за 1:0 на полувреме, но на стартот од вториот дел гостите се вратија во рамноправна борба за трит ебодови, откако Каракашов стрелаше за 1:1.

Во продолжението Дени Андонов постигна гол со кој Овче Поле дојде до ново водство, а со тоа ги постави и конечните 2:1.