
Брегалница ја оствари главната цел – се врати во Првата македонска фудбалска лига, а утре после мечот со Победа ќе биде подигнат шампионскиот пехар, со што ќе започне и прославата за овој голем успех на „сините“ предводени од стратегот Влатко Костов.
Токму стратегот Костов вели дека патот бил тежок од шампионскиот пехар, но дополнува дека никогаш не се откажувале од таа цел – влез во Прва лига, која и се исполни.
Капитенот Стефан Коцев вели дека атмосферата во тимот е одлична, за нив голем мотив бил и поддршката од верните навивачи и полниот стадион со публика.
Навивачите и верната публика утре после мечот со Победа ќе може да ги поздрави фудбалерите на Брегалница и заеднички да им честитаат за овој голем успех.
Натпреварот меѓу Брегалница и Победа започнува во 16:30 часот и ќе можете во живо да го следите на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет