Мал Ајакс убедливо славеше над Форца во Штип и со победа се прости од Првата футсал лига

Екипата на Мал Ајакс со убедливи 9:4 славеше над Форца и достојно се прости од Првата футсал лига, штипјани со триумф се преселија во второлигашкото друштво за следната сезона.

До овој убедлив триумф Ангел Белчовски постигна три гола, а пак двојни стрелци беа Седат Мамудов, Стојан Коцев, а пак по еден гол постигнаа Давид Тошев и Трајче Ефремов.

За тимот од Куманово хет-трик постигна Јасир Зекири, а еден гол постигна Биљаљи Хасан.

Екипата на Мал Ајакс минатата сезона избори враќање во Првата футсал лига, но само една сезона траеше нивната авантура во елитата. Мал Ајакс сезоната ја заврши со учинок од четири победи, две ремија и дури 12 порази со 14 бодови на своето конто.

Покрај Мал Ајакс испадна и дебитантот Балкан, кој во последното коло загуби со 12:14 од Јувентус Серава, а пак новиот шампион Проект со 10:1 славеше над Бутел.

Во рамки на последното 18. коло Кеги Моби ремизираше со Шкупи играјќи 3:3, а Клими го доби Осогово со 4:3.

Конечниот изглед на табелата изгледа така што Проект е лидер со максимални 54 бодови, тимот има 18 победи од толку натпревари. Кеги Моби е вицешампион, тимот од Велес заврши втор со 33 бодови, а пак ланскиот шампион Форца е трет со 31 бод.

На четвротото место заврши Јувентус Серава, висок пласман на тимот со 26 бодови, Бутел е петти со 25 бодови, Шкупи стигна до високото шесто место со 24 бодови, Клими е седми со 22 бодови, а пак Осогово од Крива Паланка заврши како осми со 19 бодови.

Мал Ајакс од Штип заврши на деветтото место со 14 бодови, а на дното е Балкан со девет бодови и овие две екипи од следната сезона одново ќе играат во Втората футсал лига.

Заврши сезоната во Првата футсал лига, екипата на Проект е освојувач на двојната круна односно тимот од Јосифово ја освои шампионската титула и Куп титулата.

Александар Ванев, М-Нет