
В сабота ќе бидат одиграни натпреварите од 14. коло од Првата македонска фудбалска лига, а која коло ни ја носи скопската пресметка на Вардар и Шкупи, а на која второ деби на тренерската клупа ќе има Гоце Седлоски и тоа против неговиот поранешен клуб Шкупи, кој го водеше пред неколку години.
Без разлика што Вардар е на дното од табелата и нема триумф на последните пет натпревари кога се во прашања ваквите натпревари формата и табелата одат во втор план. Седлоски ќе има тешка задача да го извлече Вардар од дното на табелата, да го врати на победничките патеки, но и да го дигне барем во средината од табелата.
Шкупи во рамки на првото нивно меѓусебно соочување оваа сезона славеше со 3:0 над Вардар, а сега сака нов триуф, меѓутоа триумф кој за нив ќе значи и враќање на победите бидејќи на последните два натпревари Шкупи има два порази.
Гостивар на домашен терен како голем фаворит ќе ја пречека охридска Воска Спорт каде домаќинот кој е во оддлична форма ќе сака седма победа и влез во европската зона на табелата, во однос на охриѓани кој имаат позитивни резултати и со тоа се искачија до бараж зоната или десеттото место.
Шкендија на домашен терен ќе се соочи со Брера Струмица каде поранешниот шампион од Тетово сака три бода и да чека прв пораз на Работнички или ново реми на лидерот со цел Шкендија да биде прва на табелата. Брера е во променлива форма, но сигурно и со реми во Тетово ќе биде донекаде задоволна.
Силекс игра одличен фудбал и според формата од последните пет натпревари е најдобар, па ќе сака осма победа против Пелистер и со тоа освен што ќе биде во горниот дел на табелата, може д
а стане и лидер на табелата. Пелистер се врати на победите откако го совлада Вардар во македонското „ел класико“ во Битола, па во Кратово доаѓа по нов позитивен резултат.
Ланскиот освојувач на Купот, екипата на Тиквеш никако да победи и е единствениот тим со само еден триумф сезонава и со само четири постигнати погодоци. Веќе в сабота на домашен терен ќе бараат второ славје против Беса која остана без тренер, со што дебитантот ќе го добие третиот трет оваа сезона. Двете екипи силно атакуваат на трите бодови.
Шампионот Струга на домашен терен ќе игра против лидерот Работнички и ќе се обиде да биде првиот тим кој славел над „романтичарите“ кои се единствени без пораз во македонската фудбалска елита.
Александар Ванев, М-Нет