Златко Ефтимов од Неготино продава домашен маџун на штипскиот пазар по цена од 500 денари за тегла

Златко Ефтимов од Неготино, на штипскиот пазар продава маџун по цена од 500 денари од тегла. Ефтимов го објаснува процесот на подготвка на маџун, вели дека најпрво во месец септември се бере грозјето картошија, се чисти и се собира, па врие во казани шест-седум часа, потоа се лади и се пакува во тегли.

,,Со берба на кртошијата сега, овај месец, во септември, се праве тоа, се бере кртошијата, се чисте, течноста се собира, и после со плин боци се врие, и едниот и другиот казан два. Шест-седум саати се вари, боци плински со горилник одоздоле, инаку на дрва на почетокот го правиме. 35 декара грозје, еве сега никој го нејќе и картошијата ја нејќе, од Кавадарци ништо и што да правиме, тоа е земјоделието. Дури да се собере, да изладе малку и се пакува во тегли, етикети си има, се чисто тоа”, вели Ефтимов

Евтимов додава дека поголемите тегли маџун се продаваат по цена од 500 денари, а помалите 470 денари.

,,Маџуно, 500 ден големиот, малиот 470. Здраво е, за сите земат по една лажичка и младите и старите“, додава Евтимов

Ефтимов препорачува и на млади и на стари по една лажичка маџун.

Ева Тушевска, М-Нет