
Викендот ќе се одиграат натпреварите од 5. коло на Втората кошаркарска лига, а оваа коло го носи и дербито на колото меѓу Маџари и штипски Соколи соочување на двете екипи го делат врвот од табелата со по седум освоени бодови.
Дерби во кое Маџари ќе биде благ фаворит за триумф бидејќи играат на домашен терен и пред својата публика. Штипјани сакаат четврти сезонски триумф и сакаат да застанат на врвот од табелата, очекуваме неизвесен дуел.
Ангели како апсолутен фаворит ќе игра против ланскиот прволигаш Академија ФМП, со што тимот на Ангели е во ситуација каде може да избие пред Маџари и Соколи, бидејќи овие екипи имаат по седум бодови.
Бутел на домашен терен ќе игра тежок меч против тимот на Црн Дрим од Струга, Мега Баскет сака победа против Работнички, каде домаќинот ќе биде фаворит за истата.
Овие натпревари ќе се одиграат в сабота.
Ланскиот прволигаш Охрид не игра според посакуваното и засега е далеку од конкурентен тим за враќање во елитата, а в недела на домашен терен ќе играат против МЗТ Скопје каде охриѓани ќе ја бараат само втората победа.
Борец Баскет како голем фаворит на домашен терен ќе се соочи со тимот на Водно Санс. Дефинитивно седмата рунда ни носи интересни дерби дуели кои ќе направат промени на второлигашката табела.
Александар Ванев, М-Нет