
Фудбалерите на Брегалница забележаа убедлива победа од 3:0 над Каменица Саса во пријателски натпревар одигран на Градскиот стадион во Штип, во рамките на подготовките за продолжението од сезоната.
Штипскиот тим рано го наметна својот ритам и резултатска предност. Костов беше расположен за игра и постигна два гола уште во првото полувреме, погодувајќи во 6. и 12. минута, со што Брегалница брзо стекна сигурна предност.
Конечниот резултат го постави Капсаров, кој беше прецизен од пенал во 26. минута, за убедливи 3:0, резултат кој остана непроменет до крајот на средбата.
Контролниот натпревар му послужи на стручниот штаб на Брегалница да испроба повеќе варијанти во составот и да им даде шанса на поголем број фудбалери, додека гостите од Каменица Саса исто така го искористија дуелот за проверка на формата пред претстојните обврски.
Штипјани со ваквите контролни средби ја темпираат формата и ја подигнуваат подготвеноста во пресрет на официјалните натпревари, а позитивниот резултат сигурно ќе влијае и на самодовербата во тимот.