
Третолигашот БВК Коњаре јасно ги покажува амбициите за пласман во Втората лига, откако во своите редови го доведе Никола Павлески – Коко, фудбалер кој пристигнува од второлигашот Победа Прилеп.
Павлески важи за играч со искуство и борбен карактер, а во клубот веруваат дека токму таков профил на фудбалер е потребен во борбата за врвот на табелата и остварување на целта – историски пласман во повисок ранг на натпреварување.
Раководството на БВК Коњаре во изминатиот период активно работи на засилување на тимот, а ангажманот на „Коко“ се гледа како јасен сигнал дека клубот сериозно влегува во битката за Втората лига.
Од клубот му посакаа добредојде на новиот фудбалер и многу успеси во сино-белиот дрес.