
На 06.02.2026 во 17:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.Б.(56) од Штип. Според пријавеното, А.Б. околу 15:30 часот на ул.„Ѓошо Сламката“ во Штип, додека управувал патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во метална ограда. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,31 промили алкохол во крвта.
На 06.02.2026 во 11:40 часот во село Ињево, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода А.С.(38) од истото село. Тој околу 09:50 часот на раскрсницата од регионален пат Р2433 и улица во село Ињево, управувајќи патничко возило „рено“ со радовишки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна несреќа и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од полициските службеници, А.С. е пронајден и од извршеното алкотестирање му е утврдено присуство на 2,64 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.