Брегалница подготвена за утрешното соочување со шампионот Вардар во Скопје

Брегалница која е повратник во Првата македонска фудбалска лига утре ќе ја отвори новата сезона против шампионот Вардар во Скопје. По три сезони штипјани одново ќе бидат дел од елитното друштво.

На стартот од новата сезона Брегалница ќе гостува кај шампионот Вардар, кој во средата го одигра првиот меч од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА против Рига во Скопје и загуби со 2:3.

Колку тоа ќе се одрази на свежина на тимот со оглед на тоа што в среда следува реваншот ќе покаже утрешниот меч против „сините“, а притоа за Брегалница тоа може да биде и некој плус.

„Сините“ се екипирани и засилени, но без да одиграат пријателски натпревари, па останува да видиме и Брегалница како ќе изгледа преку првиот меч против скопски Вардар со новите засилувања.

Последните две екипи испаѓаат директно, а пак осмиот ќе игра барааж за опстанок во елитното друштво со третопласираниот второлигаш.

Натпреварот од првото воведно коло на ПМФЛ меѓу Вардар и Брегалница се игра утре, сабота од 17 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Александар Ванев, М-Нет