Брегалница и Слога Виница ќе играат денски на „Градски“ во Штип

Фудбалските второлигаши утре, сабота ги продолжуваат првенствените возбудувања во кои според календарот на програмата ќе бидат натпреварите од редовното 7 коло. На „градски“ во Штип Брегалница ја пречекува симпатичната екипа на Слога од Виница која на изненадување на сите добро ја започна второлигашката сезона. По подолга пауза тимот на Брегалница ќе одигра денски натпревар, односно за одреден период ќе нема ноќни натпревари. Образложението од раководството на клубот е дека се започнува со подготвување на терен за изградба на новата трибина и затоа одреден период ќе нема натпревари под светлоста на рефлекторите.Веќе се делегирани и официјалните лица за овие натпревари. На „градски“ во Штип главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски, прв помошник ќе биде Бранко Путилин, втор помошник Влатко Ѓошевски и четврти судија ќе буде Кристијан Ѓуровски сите од Скопје. Делегат ќе биде Ненад Маркоски од Македонски Брод а Контролор, Зоранчо Темелков од Кавадарци.

На средбата во Радовиш, Плачковица – Кит Го главен судија ќе биде Дарко Стојчевски, прв помошник Саше Тодоровски, втор помошник Владимир Арсовски а четврти судија ќе биде Христијан Божиновски сите од Скопје. За Контролор е делегиран Жарко Тодоровски од Охрид а Делегат ќе биде Исљам Исмаили од Кичево.

Еве ги комплетните двојки за ова 7 коло:

Брегалница – Слога В

Кожув – Каменица Саса

Плачковица – Кит Го Пехчево

Осогово – Росоман

Тиквеш – Победа

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 10 октомври со почеток во 15.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk