СВР Штип со апел до граѓаните при купување огревни дрва

Отсекот за превенција при СВР Штип, апелира до граѓаните кои живеат на подрачјето на СВР Штип, да бидат внимателни при купување огревни дрва, односно да не даваат пари пред да ги добијат дрвата.
Сите сомнителни безбедносни појави граѓаните да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

СВР Штип, исто така, известува за уште едно измамено лице од Свети Николе. На 08.10.2020 околу 13.00 часот во Полициската станица Свети Николе, А.Д.(72) од Свети Николе пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 7.000 денари. Според пријавеното, лицето дошло кај него и му понудило огревни дрва за наведената сума, а откако му ги дал парите лицето заминало со изговор дека ќе оди да го дотера камионот и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.