
Конечно по голема пауза започнуваат прволигашките возбудувања во Македонија а одбојкарската завеса ќе се подигне утре, сабота и во Штип. Календарот сакаше машката екипа на Штип УГД да биде домакин во првото првенствено коло на екипата на Вардар од Скопје. Протоколот на здравствените власти вели дека натпреварот во Штип ќе се одигра без присуство на публика. Одбојкарскиот натпревар Штип УГД – Вардар ќе се одигра во спортската сала Јордан Мијалков во Штип во сабота 10 октомври со почеток во 19.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk