
Фаворитите според планот, Брегалница и Македонија ЃП тргнаа со победи, Арсими со висока победа.
Денес започна 33. издание од Втората лига, а Брегалница на стартот од сезоната со 2:1 ја започна мисијата за враќање во Првата лига, откако славеше над прилепска Победа, во меч каде „сините“ можеа да дојдат и до повисока победа доколку ги реализираа шансите на 2:0.
Иван Глигоров во 20. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Рејјан Абази постигна гол за 2:0 во 53. минута, а потоа Дамјан Ангелковски 67. минута постигна гол за 2:1 со што беше поставен конечниот резултат.
До крајот Брегалница имаше многу шанси за трет гол, но немаше реализација, а Победа изгради неколку шанси но и тие без реализација.
Екс проволигашот Македонија ЃП со победа ја отвори сезоната откако со 2:0 славеше над Охрид со два брзи гола. Крсте Велковски во 54. минута од белата точка погоди за 1:0, а три минути подоцна Симеон Христов постигна гол за конечни 2:0.
Арсими со 4:2 ја доби струмичка Беласица на домашен терен. Двоен стрелец за домашниот тим беше Бајрами, а по еден гол постигнаа Асани и Шабани. За Беласица двоен стрелец беше Јовов.
Александар Ванев, М-Нет