Новаци го освои Радовиш – Детонит Плачковица поразен дома, реми во Автокоманда, два гола на Мичковски во Гевгелија!

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Стартот од новата сезона во Втората лига донесе големи изненадувања, митот за неподливиот терен во Радовиш падна, а го сруши Новаци, млада екипа која е желна за докажување, а херој на мечот за Новаци е Иве Трифуновски.

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Новаци прв го отвори резултатот во Радовиш преку Трифуновски во 19. минута, а во 36. минута Дарко Стојанов израмни на 1:1. Веќе во 43. минута капитенот Иван Настевски погоди за 2:1 и пресврт, но пред крајот на првиот меч Трифуновски со втор гол ја шокираше публиката во Радовиш за 2:2 на полувреме.

Во вториот дел Сатни Сефедин постигна гол за пресврт и ново водство на Новаци од 2:3, а во судиското надополнување Насаф Шабанов стрелаше за конечни 2:4.

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Детонит Плачковица после сезона и пол претрпе пораз на домашен терен, Новаци го запре фаворитот уште на стартот од првото коло во новата сезона, како опомена за Детонит кој сака Прва лига, а од друга страна Новаци испраќа порака дека не признава фаворити во новата сезона ниту на нивен терен!

Деби во новиот дресот денес имаше и младиот Исмаил Бектеш кој пристигна од редовите на Каменица Саса.

Вардарски со реми и освоен бод на тешкото гостување во Автокоманда ја започна новата сезона, откако повратникот во Втората лига одигра 2:2 против екс прволигашот Скопје.

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Кировски уште во 1. минута погоди за 1:0, а во 13. минута Баламов израмни на 1:1. Пред крајот на првиот дел гостинот од Богданци преку Мемов направи пресврт на 1:2. Во финишот на мечот Жоглев беше спасител за „пиратите“ кој израмни на конечни 2:2 и поделба на бодовите.

Мичковски со два гола обезбеди бод за Саса во ремито на „рударите“ со Кожуф во Гевгелија откако двете екипи ремизираа играјќи 2:2.

По 0:0 на полувреме во вториот дел паднаа четири гола во Гевгелија. Со два брзи гола Тони Мичковски донесе водство за Саса од 0:2, а потоа Кожуф се вадеше од „калта“ откако најпрво Ангел Кочев во 63. минута намали на 1:2, а во 84. минута новото засилување од Струмица Петар Гугуљанов ги постави конечните 2:2.

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Осогово со пораз ја започна новата сезона откако со 1:2 загуби од Вардар Неготино, во меч кој можевте да го следите на М Нет Спорт.

Младите играчи кои во Неготино пристигнаа од Брера Струмица ја обезбедија победата за Вардар. Давид Спасов во 6. минута погоди за 0:1, а во 22. минута Осогово израми на 1:1. Во вториот дел Живко Крстев ги постави конечните 1:2 за триумф на гостинот од Неготино.

Александар Ванев, М-Нет