
Денес се одиграа натпреварите од 13 коло во рамките на ВМФЛ – Исток. Штипска Брегалница ја оправда фаворитската улога и со рутинирана и сигурна игра го победи тимот на Осогово со резултат 3:1. Играчите на Осогово први дојдоа во водство од 1:0 во 13 м. со голот на Недановски, а по грешка на одбраната на Брегалница. Веднаш во следната 14 м. играчите на Брегалница се радуваа со гол за израмнување на резултатот од 1:1 а стрелец на голот беше Ацковски. Брегалница дојде во водство во 26 м. по одличната асистенција на Додев, Ристе Наумов ја спроведе топката во мрежа. Конечниот резултат Осогово – Брегалница 1:3 го постави Љупче Кудев во 39 м. кога постигна гол од непосредна близина по одлична асистенција од левата страна. Најголемото изненадување го направија играчите на Кит Го Пехчево кои во Кавадарци го прегазија фаворитот, тимот на Тиквеш со резултат 4:1. Дујовски донесе водство на Кит Го од 0:1 а со автоголот на Ступиќ, Тиквеш израмни на 1:1 . Ново водство на Кит Го 1:2 донесе Дарко Алексовсkи, Ступиќ зголеми на 1:3 за да конечниот резултат Тиквеш – Кит Го 1:4 го постави Алтај Јусуф. Во Македонска Каменица тимот на Горан Здравков одигра одлично и со резултат 5:0 ги збриша гостите од Росоман а стрелци на головите беа: Божинов 2 и Дуков, Донев и Гоцевски со по еден гол. Еве ги комплетните резултати од денешното 13 коло:
- Тиквеш – Кит Го Пехчево 1:4
- Осогово – Брегалница 1:3
- Кожув – Слога 0:0
- Плачковица – Победа 0:0
- Каменица Саса – Росоман 5:0
Брегалница е на првото место на табелата со 35 освоени бодови а Тиквеш е втот со 30 бодови. Во сабота ќе се одиграат натпреварите од 14 коло во кое на „градски“ во Штип ќе се срeтнат директните конкуренти за Првата лига, Брегалница – Тиквеш со директен пренос на нашата Mnet TV.
Драги Герасимов – Пушка