
Денеска се одбележуваат 20 години откако Обединетите нации го прогласија 25 ноември за меѓународен ден за борба против насилство врз жените и девојките. Годинешното мото под кое ќе се одвива кампањата е „Кажи не на насилство врз жени и девојки“, и истата ќе трае 16 дена, заклучно со 10ти декември со одбележување на светскиот ден на човековите права. Организацијата „Ехо“ е првата организација која го воведе моделот за интегративен пристап којшто сега се спроведува конкретно во две општини во Штип и Струмица, – ни кажа Пеева. Исто така, како што можевме да дознаеме од неа бројот на жени и девојки кои пријавиле насилство е зголемен сега со корона пандемијата и мерките кои беа донесени од страна на Владата, како полицискиот час и карантинот. Живееме сеуште во традиционално општество, каде што сеуште се почитува патријархатот, односно улогата која ја имаат мажите, па и можноста да покажуваат насилство врз жените и девојките. Овде владее и верувањето дека како глава на семејството, мажот има право да покажува сила и тоа е и проблемот поради кои жените и девојките не го пријавуваат насилството, – вели Пеева.
Од почетокот на годината, биле пријавени 85 случаеви на насилство врз жени и девојки, од кои 22 се во Струмица, а останатите случаеви во Штип. 96% насилството е врз жените и девојките, а само 4% се јавува насилство врз мажите и тоа насилство од некој друг член во семејството, во најголем број случаеви не станува збор за нивните сопруги.
Лаура Стојанова М-Нет