
Инцидентот кој пред еден ден крена голема прашина во Штип, не стивнува. Откако во понеделникот околу 21.15 часот во Штип, лицето С.И (39) со тврд предмет нанело штета на патничко возило „пежо“ во сопственост на Д.М. (33), вчеравечер С.И. се обрати со изјава до нашата телевизија, раскажувајќи ја неговата страна од приказната. Случката доби димензионален карактер откако, со аматерски видеа и изјава, денеска не побара и другата засегната страна. Писмена изјава добивме и од лицето Д.М. кое се нашло во самиот инцидент.
„ Делата прикажани на снимките и оние низ текот на годините многу погласно ја зборуваат вистината. Овие насилнички нагони со закани, навреди и материјални штети проследени со загрозување на сигурноста, психички стрес и наводно чување и воспитување на малолетно дете, секогаш потенцирам СЕКОГАШ ВО АЛХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА која го надминува дозволеното ниво, а кај самото лице не е помалку од 2 промили ги поттикнува прашањата: Кој е релевантен да зборува и да се однесува како жртва во целата ситуација?
Кој е компетентен за воспитување на 3.5 годишно дете?
Кој се однесува во ова општество како локален шериф кому според неговиот исказ никој ништо не му може и кој има право континуирано преку родителска манипулација да ги доведува до страв, вознемиреност, стрес и безизлезност другите лица околу себе?
Фактите зборуваат сами за себе.“ – стоеше во изјавата на Драган Методиевски.
Се очекува понатамошно расчистување на инцидентот.
Лаура Стојанова М-Нет