Бочварски останува прв човек на Министерството за транспорт и врски

Благој Бочварски официјално останува и во новата Влада на Ковачевски. Предлог – министерите добија зелено светло на Извршниот и Централниот одбор, а новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, на прес-конференција го соопшти новиот состав. Предлог – составот и програмата за работа напладне ги достави и до Собранието.

За вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, за вицепремир задолжен за економски прашања коориднација на еконсмките ресори и инвестиции – актуелниот Фатмир Битиќи, а за вицепремиер за европски прашања е предложен Бојан Маричиќ.

За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска, пратеничка во СДСМ, порнаешен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, за министер за внатрешни работи – актуелниот Оливер Сапсовски, за министер за правда проф. д-р Никола Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, за министер за земјоделство Љупчо Николовски,кој и порано раководеше со овој ресор.

За министер за труд и социјална политика – Јована Тренчевска – директорка на Државниот инспекторат за труд. за министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ и претходно порофесор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Битола. За министер за транспорт и врски е предложен актуелниот Благој Бочварски.

Aко предлогот за нова влада пристигне до 11 јануари, во консултации со пратеничките групи, ќе се определи датум за одржување седницата, која најверојатно би била на 15-16 јануари. Се очекува новата Влада да биде изгласана на 16, пред полноќ, и таа да биде функционална на 17 јануари 2022 година.