
Познати се екипи кои ќе настапат во новата сезона во Трета лига – Југ, како и двојките за првото коло.
Некогашниот прволигаш Борец, кој лани експресно испадна од Втора лига се подготвува за третолигашки предизвици и одново ќе се бори за влез во второлигашкото друштво, покрај Борец во новата сезона ќе се натпреваруваат и Млекар и Тополка кои се нови третолигаши, потоа Питу Гули, Превалец, Слога, Башкими од Јаболчиште, Младост, Ултарс, Росоман, Влазними Јуниор, Дреново, Бучин и Венец.
Во рамки на првото коло екипата на Превалец ќе се соочи со Млекар, Питу Гули дома ќе игра со Дреново, а пак Слога ќе биде домаќин на Башкими.
Младост во Кривогаштани ќе се соочи со Ултрас, Росоман ќе биде домаќин на ланскиот второлигаш Борец од Велес, а пак Влазними Јуниор ќе игра со Тополка. Екипата на Бучин во првото коло ќе игра со Венец.
Шампионот во Трета лига – Југ ќе игра бараж за можен влез во ВМФЛ за сезона 2026/2027.
Александар Ванев, М-Нет