
Богата програма за месец мај нуди Домот за култура Ацо Шопов Штип. Низа театарски престави, концерти, Стенд ап шоу, настани за целата публика од најмалите до највозрасните. Директорот Горан Трајков посочи дека во месец мај имаат полни раце работа и активности кои би требало да го задоволат вкусот на целата публика.
„Оваа месечна програма опфаќа повеќе сегменти, за најмалите, имаме детска престава, неколку гостувања за Стенд ап шоу, два музички концерти и Џез концерт.“ – вели Трајков.
Овој месец е предвидено да се реализаира и работилница која опфааќа работа на стакло на членовите од Ателјето при Домот на култура Ацо Шопов Штип. Трајков ги повика сите граѓаните да присуствуваат и да уживаат.
Во делот за ликовна програма имаме две изложби и една детска работилница. Тоа е работа на стакло. Од театарски престави имаме од нашитот реперотоар и богата програма за уживање“ – додава Трајков.
За 13 мај се закажани и аудициите за избор на млад вокал кој ќе ја преставува нашата држава на концерт во Словенија. Пријавувањето е во тек, а заинтересираност има. Трајков упати повик до сите кои знаат да пеат и се на возраст од 14 до 17 години да се пријават на аудициите.
Лаура Стојанова М-Нет