Бобан Николов и Никола Караколев добија заслужени признанија од ОФС – Штип

На годишното изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз на Штип беа разгледани повеќе точки на дневниот ред а беа донесени одлуки кои се однесуваат на официјалните лица кои ќе ги преставуваат штипските клубови во ФФМ. Раководството на ОФС – Штип во знак на благодарност за успешниот настап на штипскиот репрезентативец Бобан Николов кој со другаритесе избориза историскиот пласман на Македонија на Европско првенство, како и на единствениот судија – интернационалец Никола Караколев им додели заслужени признанија.

За нивната досегашна фудбалска улога излагањње имаше претседателот на ОФС – Штип Димитар Џонов кој воедно и ги додели заслужените признанија. Во отсуство на Бобан Николов неговото признание го прими неговиот татко воедно и фудбалски работник Санде – Цане Николов.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk