
На 31.01.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека девет возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 42 останати прекршоци.