Блескава победа на „рударите“ во Кочани за успешен второлигашки старт

Стартот на новата второлигашка сезона спортската редакција на Мнет ТВ благодарејќи на одличната соработка со ФФМ го одбележа со директен пренос од средбата во Кочани помеѓу традиционалните ривали Осогово и Каменица Саса. На стадионот „Никола Мантов“ играчите предводени од Шефот на Стручниот штаб Горан Здравков им одржаа вистинска лекција на домакините и славеја убедлива победа. Уште во 13 м. беше откриен резултатот за водство на гостите од 0:1 а стрелец на голот беше Андреј Ричков. Во 21м. Осогово израмни на 1:1 со голот на Аделин Ќазимов во 21 м. Во финишот на првото полувреме, поточно во 42 м. Каменица Саса дојде во водство од 1:2 со голот што го постигна Никола Божинов и со тој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме по само 5 м. игра, односно во 50 м. Филип Димовски постигна гол за зголемување на резултатот од 1:3 во корист на гостите. Конечниот резултат Осогово – Каменица Саса 1:4 го постави Трајче Ефремов со гол што го постигна во 88 м. од натпреварот. Одличен, фер и коректен натпревар зачинет со 5 прекрасни голови за прва и убедлива победа на тимот на Каменица Саса. Еве ги комплетните резултати од ова прво коло:

  1. Слога В – Братство 1:0
  2. Осогово – Каменица Саса 1:4
  3. Локомотива – Кожув 0:2
  4. Победа – Кит Го Пехчево 2:1
  5. Детонит – Беласица 0:2

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk