Тим Арена од Штип ќе се натпреварува во Втората женска кошаркарска лига – познат распоредот

Екипата на Тим Арена пријави учество во сениорска конкуренција, односно ќе се натпреварува во Втората женска кошаркарска лига во сезона 2025/2026. Штип одново ќе гледа сениорска кошарка во женска конкуренција.

Во новата сезона покрај Тим Арена ќе настапува Охрид, Шкупи, Риниа, Гевгелија, Гостивар и Струга или седум екипи, а тоа ќе значи дека во секое коло ќе има по една слободна екипа.

Новата сезона започнува на 25 октомври со натпреварите од првото коло, а во кое Тим Арена ќе гостува кај екипата на Риниа, екипата на Шкупи ќе го дочека Охрид, Гевгелија ќе игра против Гостивар, а во рамки на првото коло Струга ќе биде слободна.

Есенскиот дел ќе заврши на 20 декември со натперварите од осмото коло, а пролетниот дел ќе започне на 17 јануари 2026 година со натпреварите од деветтото коло.

Александар Ванев, М-Нет