
Охридскиот прволигаш Воска Спорт за пролетната полусезона се засили со Фатјон Јусуфи.
28-годишникот во Воска Спорт доаѓа од редовите на Гостивар, а во минатото го носеше дресот на Струга Трим Лум, Ренова, Шкупи, а меѓународна кариера градеше во Партизани Тирана во Албанија и Ширак во Ерменија.
Како што дознава телевизија М Нет, Фатјон Јусуфи треба да биде последно засилување во Воска Спорт, но не се исклучува можноста за уште едно засилување. Воска Спорт со Фатјон Јусуфи добива вистинско освежување за пролетниот дел, бидејќи Јусуфи има големо искуство во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет