Бектеши: Цените на производите ќе се одмрзнат, но ќе се ограничат трговските маржи

До крајот на месецов завршува одлуката со која Владата ги замрзна цените на дел од основните прехрамбени производи. Но, на нешто повеќе од недела дена до крајот на месецов дали повторно ќе се соочиме со покачување на цените на лебот, зејтинот, јајцата и останатите основни прехрамбени производи. Животниот стандар на граѓаните е низок па според нив тешко е да се наполни една потрошувачка кошничка со примањата кои тие ги имаат. На прашањето дали ќе има продолжување на оваа мерка за замрзнати цени и по 28 февруари, министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека при крај се анализите во секторот за економија, но најверојатно ќе се оди со ограничување на трговските маржи.

„Оваа и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбените производи кои се наведени во одлуката за замрзнување за да најдеме начин да нема зголемување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи во трговијата на мало и на големо. Во делот на производите што ги произведуваме дома ќе може да се интервенира со замрзнување на цените, но забележавме дека генерално има поголемо зголемување на цените на тие производи кои се увезуваат во нашата држава и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на ограничување на трговската маржа“ – кажа Бектеши.

Одлуката за замрзнување на цените во држвата стапи на сила на во месец декември минатата година, а пред тоа важеше за лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млеко и сирење, а првично тоа требаше да биде до крајот на месец јануари годинава, а потоа истата беше продолжена до крајот на овој месец. Со тоа највисоките цени за овие продукти требаше да останат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.

Лаура Стојанова М-Нет