
Во тек е изградбата на уште еден крушен тек во Општина Кочани, кај местото викано атомски згради. По изградбата на четирите претходни ова е петти кружен тек. Со ова според првичните информации се предвидува подобро регулирање на сообраќајот во Кочани и намалување на сообраќајниот метеж. Екипата на М-Нет телевизија беше на терен. Ги прашаваме кочанчани кое е нивнот мислење во врска со изградбата на кружните текови и дали иститие придонесуваат за подобро регулирање на сообраќајот во овој град.
„Кружните текови повеќе значење имаат отколку семафорите. Кај нас е подобро регулиран сообраќајот, додека семафорите некогаш работат, некогаш не и не почитување на сообраќајните прописи, додека кај кружниот тек се знае кој има предност“
Дали сообраќајниот метеж и гужва ќе биде решен со изградбата на кружните текови го прашавме и сообраќајниот инспектор при Општина Кочани, Жаклина Пауновска Анџелковиќ. Според неа треба да помине време за да се одговори во целост на ова прашање.
„Овде е сѐ уште рано да зборуваме што е направено од нова сообраќајна инфраструктура, бидејќи е во изградба, плановите течат, анализите се очекуваат со реализиација на сегашните и идните, бидејќи нашата патна инфраструктура која е замислена во моментот не е доизреализирана“ – кажа Анџелковиќ.
Изградбата на кружни текови во Кочани започна почетокот на минатата година, како дел од активностите на претходната Локална власт. Истовремено, влезот и излезот во и од Кочани треба да добие кружен тек со што ќе се намали брзината на движење на возилата, а со тоа и сообраќајните незгоди.
Лаура Стојанова М-Нет