
Тиква за празникот Митровден се продава среде штипска чаршија, на мала тезга на земјоделци од Карбинци. Скромно, без натпис, без врева, само неколку гајби со долги, жолтеникави тикви со форма на банана што веднаш го привлекуваат окото. Велат дека е „бананка тиква“ блага, мека и совршена, само да се ипече во тавка токму за предстојниот Свети Димитрија. Цената е симболична, 30 денари, ама со добар квалитет. Луѓето запираат, прашуваат, се насмевнуваат, ама некако денес тешко купуваат. Соговорникот за нашата телевизија од таму кој скромно продаваше со раце испукани од работе вели купувајте и носете, да ви замириса цела куќа за Свети Димитрија.
Но, граѓаните кои купуваат денес се малкумина. Едвај тројца дојдоа да купат, но сепак и на толку продавачот задоволен. Вели слабо се бара, а тој има полна плевна, годината според него доста плодна.
Инаку, тиквата според лекарите, покрај што од една страна е вкусен и убав десерт, од друга страна е и здрава. Полезена за човековото тело, а граѓаните ја подготвуваат многу лесно и едноставно. Или варена или печена, со додаток малку ванила.
Иван Митев, М-Нет