Астибо имаше осум гола предност, на но крај загуби од Стружанка среде Штип

На последниот натпревар од женската ракометна Суперлига, екипата на Стружанска славеше над Астибо во Штип со 26:28.

Ракометарките на Астибо имаат зошто да жалат, бидејќи во првиот дел имаа водство од осум разлика при 13:5, а ваквата предност на полувреме беше преполовена на 15:11.

Во вториот дел резултатот беше израмнет на 17:17, а потоа се играше гол за гол со што мечот во финишот влезе во голема неизвесност кога се во прашање трите бодови. Во последните моменти од мечот Затуроска постигна погодок за конечните 28:26, со што трите бодови заминаа во Струга, а голманката на Стружанка, Митоска, беше повеќе од успешна на голот на гостинките, бидејќи во клучни моменти ја „спушташе ролетната“ со што го запираше налетот на домашните ракометарки.

Ивана Затуроска со 14 погодоци беше најдобра за Стружанка, но и на самата средба, додека пак Марија Анчева со 13 гола беше најдобра кај Астибо.