
Воска Спорт сериозно работи на квалитетно засилување на тимот, со што ќе се обиде во пролетната полусезона да обезбеди директен историски влез во Првата македонска фудбалска сезона.
Во редовите на Воска пристигна и Фитон Адеми, кој доаѓа од редовите на второлигашот Беса од Добри Дол.
20-годишникот потекнува од школите на Шкендија, а беше дел и од Струга Трим Љум и оваа полусезона ја помина во редовите на Беса, каде постигна осум погодоци.
Претходно, Воска се засили со искусните Ермедин Адеми и Хадис Велии, а сега Адеми го засили нападот, со што Воска во пролетниот дел повеќе од сигурно ќе атакува на првите две места кои водат во Првата македонска фудбалска лига.
Инаку, Воска заврши на третото место на табелата во есенскиот дел, зад второпласираниот Вардар и првопласираниот и есенски шампион Гостивар.