Куштрим Вока е нов тренер на голманите во Гостивар

Екипата на Гостивар, која е есенски шампион во Втора лига, се подготвува за пролетната полусезона, во која единствената цел е директен влез во фудбалската елита на Македонија.

Куштрим Вока е назначен за нов тренер на голманите, кој ќе има за задачи да ги подобри голманите за пролетната полусезона. Претходно, Вока беше дел од екипата на Шкендија, како тренер на голманите.

Во пролетната полусезона Гостивар ќе води борба со Вардар и Воска Спорт за диретекен влез во Првата македонска фудбалска лига.