
Идните амбасадорки од Македонија во Косово и Холандија имаат моќ и позиција да помогнат во меѓународно вмрежување на нашите фирми од источниот дел на државата со странски партнери. При нивната денешна посета на реномираната фирма „Макпрогрес“ од Виница се уште неименуваните амбасадорки изразија уверување дека ваквата форма на соработка преку Стопанската комора на Македонија во комуникација со Министерството за надворешни работи ќе биде поддршка за домашните фирми.
Амбасадорите инсистираат да се поддржи организацијата на денови на македонска храна, поврзување со домашните трговски синџири во земјите за пласман на наши производи. На македонските компании од големо значење им е доколку во овие специфични услови на дејствување се овозможи и електронско, „онлајн“ претставување на капацитетите и производите на македонските фирми. Генералниот менаџер на компанијата, Александар Цветанов, информираше дека е од особено значење за македонската прехранбена индустрија отворање на нови пазари, зацврстување на позицијата на постојните, но најголем предизвик се африканските и азиските земји, каде потребата од храна е огромна и има простор за извоз.
Маре Стојилова М нет
Игор Зиврев М нет