Просветен работник од М . Каменица во изолација

Прв позитивен случај кај просветен работник  во каменичката гимназија „Миле Јаневски –Џингар“, Станува збор на  проесорка која секојдневно патува со автобус од Делчево до Македонска Каменица. Според информациите од епидемиолошката служба при Здравствениот дом „Гоце Делчев “ во Делчево станува збор за асимтоматичен случај на Ковид 19. Директорот на оваа гимназија Круме Стојановски  ја исклучува секоја можност нивната колешка да станала позитивна во зградата на гимназијата кадеспоред него се спроведуваат најстроги заштитни мерки.

Директорот напоменува дека сите лица кои биле во контакт со професорката од денес се наогат во самоизолација, особено лицата кои патувале во автобус од Делчево до М.Каменица. Засега  нитуеден средношколец не е ставен во самоизолација.

 Инаку  од вчера  во изолација се 10 ученици од второ одделение во ОУ „Кочо Рацин” во с. Подареш, Општина Радовиш, откако нивен соученик е позитивен на Ковид-19. Засега во ова училиште нема наставници кои се заболени или во изолација.

О д вчера во изолација е и еден ученик во ОУ „Ванчо Прке“ од Штип, и едно во „Кирил и Методиј“ – Кочани. Од центрите за јавно здравје се следат алгоритмите и за нив не се дадени препораки за изолација бидејќи биле почитувани мерките за заштита. Двајца наставници кои работеле со физичко присуство во ОУ „Гоце Делчев“ и еден ученик се позитивни на вирусот Ковид-19, а 39 деца од истото училиште од вчера се превентивно во изолација

Маре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет