Уште еден лекар и болничар на инфективно се позитивни на коронавирусот.

Зголемениот број на пациенти заболени со коронавирусот ,имплицира зголемување на бројот на заболен медицински персонал. И покрај максималните напори и целосно почитување на протоколите,  скафадерите и целокупната заштитна опрема на медицинските лица кои рабнотат дирекно со заболени од кобниот вирус не ги заштитија од зараза. Денес  е потврдена заразата со Ковид 19 кај уште еден лекар неврохирург  кој на штипското инфективно оделение  почитувајки ја хипократовата заклетва постојано работел на испомош. Недостигот на кадар на инфективното оделение ги ротира лекарите од останатите служби да дежураат при зголемен прилив на пациенти. Позитивен на Ковид 19 од денес е уште еден  болничар кој пожртвувано работел  како постојана помош на инфектолозите. На инфективното оделение во моментов се лекуваат 40  заболени од коронавирусот. Оделението кубури со кадар  од тројцата инфектолози еден е инфициран и веке 3 недели не е на своето работно место. Од денес освен лекарот неврохирург и болничарот во изолација се уште 4 лица. Состојбата на Штипскиот Клинички центар е загрижувачка кога станува збор за ангажман на соодветен медиционски лекарски персонал. Според др Ален  Горгиев  ,вистина е дека  Штипскиот клинички центар се соочува со проблеми  поради малиот број на лекари . Инфектолозите се преоптоварени  но самопожртвувани во работата, тоа допринесува болницата и инфективното оделение  и денес  во целост да функционираат нормално.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет